Фатил некој
селанец златна рипка и оваа му рекла :
- Добар
селанецу, пушти ме и ќе ти исполнам три желби.
- На кого бе
ти селанец - рекол овој и ја задавил.
Што е
пад на
системот?
- Кога ќе го фрлиш
компјутерот од 10-ти кат.
Фатил некој
баксуз златна рипка и му умрела...
Сред лет пилотот им се обраќа на патниците:
- Два од нашите мотори откажаа, но имаме уште два мотори,
едноставно летот ќе трае еден час повеќе.
Еден час подоцна, повторно пилотот:
- За жал уште еден мотор откажа, ќе доцниме три
часа...
На ова една плавуша се обраќа на човекот до неа:
- Ако изгубиме уште еден мотор, останавме цел ден во
воздух!
Разговараат две
невести.
- Слушнав си се омажила
за боксер. Среќна си со него?
- Супер е, а и не е
досаден.
- Како тоа?
- Кога и да се врати дома
секогаш изгледа поинаку.
Се сретнале
зебра и магаре. Зебрата го прашува магарето:
- Што
животно си ти?
А
магарето:
- Соблечи ги
пижамите, па ќе ти кажам.
Малиот Трпе собрал храброст да и
каже на учителката дака ја
сака.
-Учителке многу сум вљубен во Вас!
-Трпе, јас
не сакам деца.
-Добро де,
не мора да имаме деца!
Си биле
двајца без тројца и отишле во
минус!!!
Си бил некој лудак во лудница.
Му текнало да и напише писмо на мајка му и и напишал:
Мамо овде во лудницава ни е добро. Секој ден одиме на базен.
Сите мои другари скокаат на нозе, единствено јас скокам на глава, а директорот
на лудницата ни рече, ако бидеме добри, ќе го наполни базенот со
вода...